Доколку мислевте дека постои шанса Кети Пери и Расел Бренд да се смират – ќе мора да размилите повторно.
Расел планира да издаде книга за својот пропаднат брак и наводно воопшто нема да се воздржува од најинтимните детали. Изворот, американскиот сајт Hollywood gossip тврди дека Ќети ќе биде разочарана од она што Расел сака да го каже.
“Кети е навредена и разочарана бидејќи Расел ја третира ужасно. Ова никогаш нема да му го прости”, велат нејзините пријатели. Иако е во паника, пејачката се обидува да биде смирена. “Тој се однесува потполно непрепознатливо”, вели близок извор.