Во партнерство со Емирот на Рас Ал Каима, Реал Мадрид планира да изгради нов резорт во Обединети Арапски Емирати кој ќе чини неверојатни милијарда долари.
Резортот, кој ќе биде мини град, слободно може да го наречете Дубаи 2, бидејќи ќе вклучува неверојатни објекти, како на пример фудбалски терен кој половина ќе биде отворен и ќе гледа кон морето, со капацитет за холограмски игри.
Резортот исто така ќе има 60 бунгалови, хотел со 5 ѕвездички со 450 соби, 450 апартмани, сопствена марина за јахти, музеј, забавен парк и многу други интересни работи.
„Ова е одличен и стратешки чекор кој ќе ја зацврсти нашата институција во Блискиот Исток и Азија“, изјави претседателот на фудбалскиот клуб Реал, Флорентино Перез.