Ретка болест: Мајка алергична на своето дете!

14 декември, 20120
majka alergicna na svoeto dete

Младата мајка во дваесеттата недела од бременоста добила чудни пликови по телото. Испитувањето утврдило дека е алергична на нејзиното дете.

“Најпрво имав чувство како нешто да ме лази по телото, но потоа стана неподносливо. Пликовите најпрво делуваа како обичен осип, но набрзо потемнеа и се проширија по целото тело.” изјавува Зулеика.

Откако антибиотиците и кремите не го ублажија чешањето, докторите погрешно дијагностицирале дека Зулеика има шуга и и препишале инсектициди, советувајки и да ја дезинфицира својата облека, а чевлите да ги стави во замрзнувач. Меѓутоа, ништо не помогнало.

“Ништо не ми помогна. Се толку ме чешаше што додека спиев си правев рани од чешање. Плачев и ги молев докторите да ми помогнат.” се сеќава мајката.

Неколку дена по породувањето осипот се повлече но повторно се појави. Овој пат таа била кај друг лекар кој и кажал дека најверојатно имала авто-имунолошко пореметување во бременоста и и препишал силна доза антихистамин.

“Бев во шок. Тој ми рече дека сум била алергична на бременоста. ми делуваше навистина чудно” изјавува таа.

Ова е мноу ретка алергија и се случува кај 2 од 2.000.000 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi