Ријана ја поминала цела ноќ кај Ештон на гости?!
22 март, 20120
До вчера не беше познато ни дали се пријатели, но изгледа дека помеѓу 23 годишната убавица од Барбадос, Ријана и 34 годишниот Ештон Качер постои некоја тајна врска.
Всушност, пејачката е забележана околу полноќ како влегува во вилата на Ештон во Холивуд. Заминала дури во мугрите, околу 4 часот наутро. Ако се само пријатели не би се гледале во тајност во доцните часови, според локалните медиуми.
Кога станува збор за Ријана, тогаш на изненадувањата им нема крај, а и Ештон се покажа како голем љубител на жените, кратко се задржува со една.