Риси Витерспун: Со пластична операција не можете да го поправите внатрешното незадоволство!!!

popara3 февруари, 20121min00
reese_witherspoon_1

Слатката35-годишна актерка Рис Витерспун им откри на американските медиуми дека никогаш досега нема отидено “под нож”, иако овие операции не ги смета за нешто лошо: “Не сум за нив, ниту пак сум против тоа. Имам многу пријатели кои одат на операција за да се чувствувуваат подобро во сопствената кожа. Доколку тоа ги прави среќни, тогаш е оправдано… Но, мислам дека со пластична операција не може да се поправи незадоволството што го чувствувате за себе како личност”.

Оскаровката продолжи: “Мислам дека во моментов не ми треба операција. Но, ќе видиме, еден ден…кој знае”. Рис во моментот е во брак со актерот Џим Тот, а има две деца Ава и Дикон од претходниот брак со Рајан Филип. Воопшто не е загрижена за тоа како изгледа на сцените во костимите за капење во нејзиниот претстоен филм: “Имам телото какво што заслужувам…имам две деца и сеуште сум јака и здрава. Како што старееме, така стекнуваме ново почитување кон своето тело”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag