Музичарот Роби Вилијамс неодамна покрај музиката и се посвети на уметноста и сликарството.
Всушност, 37- годишниот Роби својата гаража во Лос Анџелес ја претворил во атеље и во него создал многу нови дела. Сега е подготвен да и покаже на јавноста што има изработено и да организира изложба за своите слики.
“Не знам дали планира да ги продава своите слики, бидејќи би можел многу да заработи, но навистина би било посебно кога посетителите ќе прашаат кој е уметникот кој ги изработил”, коментирал еден од неговите пријатели.