Бакнежот помеѓу Мадона и Бритни Спирс, односно Кристина Агилера од 2003 година влезе во историјата, а кралицата на поп музиката уште неколку пати после тоа бакнувала девојки. Последна на нејзината листа е раперката Ники Минаж.
-На Ники и беше роденден и завршивме со долгото снимање на нашиот спот. Имавме роденденска здравица во нејзина чест и по неколку голтки шампањ ја бакнав, го искоментирала Мадона видеото кое сега се појави на Youtube.
Интересно е тоа што по бакнежот, Мадона и рекла на Ники:
-Сега желбата ти се исполни.
Инаку, Ники Минаж е родена на 8 декември, а бакнежот го добила за 30ти роденден.
http://www.youtube.com/watch?v=bVCrTZRK9SY&feature=player_embedded