Потребни состојки:
За кора:
- 150гр брашно
- 5 јајца
- 190гр шеќер
- ванилин шеќер
- 2 лажици какао
За фил:
- 500мл млеко
- 1 кесичка пудинг
- 3 лажици шеќер
За декорација:
- 1 кесичка шлаг
- 3 мандарини
- 2 киви
- 50гр суви сливи
Начин на подготовка:
Во поголем сад за матење ставете пет жочки со 95 грама шеќер и матете со најголема брзина додека смесата не стане густа. Додадете и ванилин шеќер. Посебно изматете ги белките, па постепено додавајте го останатиот шеќер. Матете додека белките не се соединат. Една третина од изматените белки додадете во жолчките, а потоа додадете го брашното, какаото и така по ред додека не ги потрошите брашното и белките. Се соединете со лесни движења. Смесата за пандишпан истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете 20-30 минути на 180 степени. Испечениот пандишпан покријте го со влажна крпа и замотајте. Оставете да се олади, премачкајте со сварен пудинг, па повторно замотајте и оставете неколку часа во фрижидер. Потоа ролатот исечете го на еден сантиметар дебелина, декорирајте со изматениот шлаг и овошје.