Сакаш ли да знаеш кој си всушност?…

popara23 април, 20121min00
xx

Сакаш ли да знаеш кој си всушност? Не прашувај. Делата се важни. Делата те дефинираат. – Томас Џеферсон

Не е важно што тврдиш дека си. Не е важно што можеш да бидеш на зборови. Не е важно што ќе кажат другите за тебе. Важно е што правиш! Важно е како се однесуваш. Важно е дали на крајот ќе се гордееш од своите дела или ќе се срамиш!

Сум среќавала доста луѓе кои не зборуваат многу, но за сметка на тоа, нивните дела зборуваат повеќе за нив, отколку некој би можел да го искаже тоа со зборови.

Се среќаваат и луѓе кои раскажуваат што за луѓе се, какви биле, какви не биле, а пак ништо не прават, освен што зборуваат. А има и такви што го прават точно обратното од она што го зборуваат. За мене тие се најлошите. Лицемерието го консумираат насекаде во светот, но никој не го цени оној што го предлага. И сепак, како што се вели за сите има место под сонцето и секој сам решава какво место ќе заслужи. Некои си го добиваат местото со лицемерие, лаги, интриги, искористување на другите, предавство и си мислат дека се луѓе. Правно погледнато се, но според мене – еднаш предавник, цел живот предавник!  Интересен факт е дека можеш да ги лажеш луѓето што за стока си, можеш да глуми цел живот, но не можеш да се излажеш себе си. Накрај, кога си сам со себе, ти си она што го правиш, а не она за што се представуваш. Ако можеш да живееш така, добро.

Вистинските луѓе според мене се оние кај кои зборовите и делата се едно исто. Тоа се луѓето кои тежат на местото со своите заслуги и коректност. Можеш дури и да си во конфликт со таков човек и во спорот да се роди вистината. Со такви луѓе избирам да комуницирам.

И за крај: „По делата ќе ги познаете!“

“Do you want to know who you are? Don’t ask. Act! Action will delineate and define you.”
Thomas Jefferson

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma