
Оваа диета трае една седмица. Ако ја применувате како што ќе ви кажеме, не само што ќе ги изгубите тие излишни 3 килограми но и ќе го „бомбардирате“ организмот со многу полезни материи. Еве како треба да изгледа вашето мени за овие 7 дена:
Понеделник наутро можете да јадете зеленчук, чаша млеко и парче црн леб со малку путер. Или наместо путер може тоа да биде урда, по ваш избор. Ручекот е супа и салата и парче препечен црн леб. За вечера имате парче риба на скара.
Вторникот започнува со две варени јајца но само белката и парче нискомаслено сирење. Ручекот е стек на скара и салата, а за вечера шејк од една банана и чаша млеко.
Среда започнете ја со овесни јатки и јогурт. Попладневното мени е варен грав, грашок или боранија, по ваш избор со една голема сезонска салата. Вечерата овој пат е парче риба на скара.
После тоа овие три дена се повторуваат, а седмиот ден пиете само зелен чај во текот на денот, за да се прочисти организмот од сите токсини и да се исфрлат сите непотребни течности од организмот.
Осмиот и најважниот ден – качете се на вагата и погледнете, навистина 3 килограми помалку! Браво!
One comment
violeta
28 септември, 2012 at 14:07
dali mozi bez leb