
Саудискиот принц, Алвалед бин Талал (47) наскоро ќе го добие својот авион марка „Airbus A380“, со турска бања во мермер, концертна сала и гаража за неговиот „Ролс Ројс“. Новата луксузна летечка палата на принцот ќе се придружи на „Боингот 747“ и „Еарбасот 321“ кои принцот веќе ги има.
Новиот луксузен авион содржи и лифтови, концертна сала со клавир и место за 10 луѓе, а велат дека поседува и врвна акустика. Во авионот има 5 луксузни апартмани, конструиран е три години и чини неверојатни 388 милиони долари.
Инаку, саудискиот принц има богатство од 18 милијарди долари.