На прв поглед можеби оваа фотографија ќе ви личи на сцена од филмот Индијана Џонс, но ова е дневна рутина за неколку деца и возрасни од градот Лебаку од Индонезија.
Стравувајќи за сопствениот живот децата мораат секој ден да поминуваат по климавиот мост направен од жица и дрво.
Преминувањето преку реката станало уште поопасно откако минатата недела од мостот останала закачена само едната страна, како последица од поплавите. Децата во каскадерски стил и со молитви поминуваат низ овој мост.
Погледнете како изгледа тоа:
httpv://www.youtube.com/watch?v=kx8CsIZtNpk