Се мажи за убиецот на својата сестра: ‘Тој не би стапнал ниту на мравка’

popara21 декември, 20121min00
maz
Виктор Kинголани моментално во аргентинскиот затвор ја издржува 13-годишната затворска казна поради убиството на својата девојка Јохана Касас (19).

Тој е осуден дека 2010-тата година неколку дена пред нејзиниот роденден, испукал два смртоносни куршуми од огнено оружје во нејзиното тело.

Овие денови аргентинската јавност е шокирана од веста дека Едит Касас (22) сестрата на Јохана, во убиецот на својата сестра ја пронашла љубовта на својот живот.

Таа се верила со него и веќе договориле и свадба. Церемонијата би требало да се одржи во тамошниот затвор под услов дека нејзината мајка нема да ги запре.

Марчелина Касас, својата ќерка за која тврди дека го предала семејството, сака да ја прати на психијатарски преглед бидејќи е убедена дека полудела.

Од друга страна, Едит тврди дека многу добро знае во што влегува и дека психијатар не и треба. Таа е уверена во невиноста на Виктор и вели дека тој ни на мравка не би стапнал.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *