Се откажал од Фејсбук и останал без 400.000 долари! :)))

popara1 февруари, 20121min00
263793-15

Џо Грин, кој ја делел собата со својот пријател и цимер Марк Цукерберг на колеџот при Универзитетот Харвард, нема да биде меѓу оние кои ќе се прослават со излегувањето на Фејсбук на берза, со почетна цена која се проценува на 100 милијарди долари.

За разлика од неговиот славен другар, кој го прекинал школувањето за да ја лансира најпопуларната социјална м режа, Грин одлучил да остане на Харвард, а оваа грешка можеби го чинела 400 милиони долари.

Џо Грин води сајт за донации и собирање добротворни прилози наречен „Causes”, а иако не бил основач на Фејсбук, тој сепак учествувал во развојот на оригиналната идеја и му помагал на цимерот Марк да направи портал кој подцна ќе стане вистински хит.

Бидејќи дипломирал, тој станал и дел од тимот кој во 2004 година ја организирал претседателската кампања на Џон Кери. Потоа во 2005 година го основал сајтот „Essembly”, а потоа се здружува со Шон Паркер еден од пријателите Марк и заедно го прават сајтот за донации и хуманитарни проекти „Causes”.

Грин се најде на листата на Форбс за топ 30 бизнис луѓе до 30 години. Неговиот сајт има 170 милиони корисници кои досега собрале повеќе од 50 милиони долари за хуманитарни цели.

Кои се Фејсбук милионерите?

Доколку Фејсбук биде продаден, дури третина од вкупно 3000 вработени во компанијата би можеле да станат милионери. Тие и досега се збогатија со помош на најголемата социјална  мрежа.

Марк Цукерберг 27 години, богатство 17,5 милијарди долари

Дастин Московиќ, 27 години, богатство 3,5 милијарди долари

Едуардо Саверин 29 години, богатство 2 милијарди долари

Кри Хјуз 28 години, богатство 700 милиони долари

Шон Паркер 31 години, богатство 2,1 милиони долари

Браќата Винклвос 30 години, прифатија договор во вредност од 20 милиони долари и акции на Фејсбук кои според проценките денеска вредат 150 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag