Се што треба да знаеме за порите на кожата

21 јануари, 20120
1

Се што треба да знаеш за порите – каква е нивната улога, што треба да превземеш за да функционираат правилно и што да направиш за да не се забележуваат. Сите жени имаат еден голем непријател, а тоа е огледалото кое зголемува и кое на брутален начин ги покажува сите недостатоци на кожата. Порите ќе си останат на неа засекогаш но има начини како тие да изгледаат помалку и помали.

Никогаш не си легнувај со шминка;

Ексфолирај ги внимателно но редовно местата каде тие се појавуваат, а тоа најчесто е носот, брадичката и образите. Пилингот изберете го според типот на кожата и во зависност од тоа употребете го еднаш неделно за сува и два пати за мрсна кожа.

Запушените пори се шират, а од тоа стануваат поуочливи. За да го намалиш тоа редовно користи од глинените маски за Т-зоната  кои ја вадат нечистотијата и мрсното од порите на површината.

Мрсното лице ја прекршува светлината и го фокусира вниманието на големината на порите па затоа почесто упивај го излишниот себум со хартиена салфетка или мат крем и избегнувај течна пудра.

Ако имаш проблем со големи пори, избегнувај препарати кои содржат масти, особено минерални масла и петролеум. Ваквата козметика на масна основа не може да се исчисти лесно со обичен тоник и состојбата повеќе се влошува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi