Се урнал тунел во Јапонија: Петмина настрадани, седум исчезнати

2 декември, 20120
tunel

Неколку јагленисани тела се пронајдени денеска во запалено возило во тунел во Јапонија, чиј горен дел претходно се урнал, соопшти јапонската полиција.
Несреќата се случила во тунелот на автопатот кој го поврзува Токио со централниот дел на Јапонија кога се урнал дел од таванот на тунелот. Некои автомобили останале заробени од кои еден се запалил, по што пожарот се проширил.
– Неколку јагленисани тела се пронајдени во едно возило. Точниот број не се знае, потврди портпаролот на полицијата на префектурата Јаманаши.
Телата ги откриле полицијата и инженерите кои дошле да ги проценат штетите во тунелот.
Спасувачките операции се прекинати, бидејќи постои опасност од ново уривање на сводот на тунелот.
Јапонските медиуми претходно јавија дека два автомобили се судриле во 4,7 километри долгиот тунел Сасаго на автопатот Чуо во Оцуки, на 80 километри западно од Токио, откако се урнал сводот на тунелот.
Медиумите додаваат дека две жени се повредени и оти седум лица се водат за исчезнати, а дека пожарникарите го ставиле под контрола пожарот кој го зафатил автомобилот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi