Автомобилот Морис Минор е стар 56 години, а за ова време успешно им служел на три генерации на едно семејство од Велс.
Овој автомобил е во сопственост на Џон Ентони од Велс. Автомобилот го купил неговиот дедо Идис Еванс, а Ентони тогаш имал пет години.
Автомобилот дедото на Ентони го користел за на работа и за семејни излети. По смртта на дедото автомобилот го добиле родителите на Ентони, но поради старост неможеле да го возат и завршил во гаражата. Ентони направил мали поправки и сега тој работи како нов. Овој автомобил ќе припадне на неговиот син кој сега има 20 години.