Шарени спирали

popara28 ноември, 20121min00
sareni testenini

Потребни состојки:

  • 300гр спирала тестенини
  • помала главица брокула
  • 300гр зелена боранија
  • 1 црвена пиперка
  • 1дл пилешка супа
  • 2 домати
  • 2 чепниња лук
  • 1дл маслиново масло
  • 2 лажици рендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • свеж босилек

Начин на подготовка:

Во солена вода сварете ги тестенините и исцедете ги. Исмијте ја брокулата и боранијата, иситнете ги на помали парчиња, а потоа кратко варете во пилешка супа. Пиперката исечете ја на коцки и продинстајте на маслиново масло со сецкан лук. Во тоа додадете го оладениот сварен зеленчук, додадете сол, бибер, помешајте со тестенините, а потоа додадете ги и свежите домати исечени на поголеми коцки. Во останатото масло додадете пармезан, исецкан магдонос и босилек, прелијте и уште еднаш добро измешајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag