Актерката Камерон Дијаз потсетува на ангелите од модната куќа Victoria’s Secret на насловната на британското издание на магазинот Harper’s Bazaar за јуни.
На насловната, но и на фотографиите во внатрешнсота на списанието акерката е облечена во бел костим за капење на едната и во бела кошула и бел фустан на другата фотографија.
На некои од фотографиите кои ги снимил Том Мунро, 39 годишната актерка има зводлив поглед и влажна коса.
Во интервјуто кое ги прати фотографиите Камерон зборувала за британските мажи, и за тоа како е да израснеш во Холивуд.
“Ја сакам смислата за хумор кај британските мажи, како и нивниот шарм. Тоа кај нив е нешто што едноставно е дел од културата, ние немаме такво нешто тука, во Америка тоа едноставно не е така”, признала Диаз.
Таа изјавила дека нејзиниот колега Колин Фирт е вистински примерок на англичанец како што ги опишува. Актерката додала и дека од отсекогаш е заљубена во Лондон и помеѓу останатото пораснала со Монти Пајтон.
Камерон изјавила дека по смртта на нејзиниот татко станала многу близка со колешката Гвинет Палтроу, која и помогнала да ги преброди тешките периоди во животот.