Силна љубов со студен крај

popara25 јануари, 20121min00
s

Најсилната љубов има студен крај. Сите ќе се согласите со оваа мисла на Сократ, зошто несомнено колку повеќе сакате, толку повеќе ќе боли од разделбата. Психолозите сметаат дека крајот на љубовната врска предизвикува исти емоции како и загубата на близок човек заради смрт. На еден или друг начин секој ги чуствува последиците од разделбата. Независно каков карактер сте, познавањето на етапите после разделбата ќе ви помогне да знаете што да очкувате и да разберете дека тагата е нормален процес, кој ќе придонесе еднаш за секогаш да заборавите за своите бивши.

Фазата „шок“ – ќе се чувствувате како да ве удрил воз и постојано ќе се прашувате што се случило? Не можете сеуште да поверувате дека вашата врска се распаѓа, расеани сте и збунети.

Фаза два е бегство од реалноста – вие всушност негирате да ја погледнете реалноста и си мислите дека ако не ја прифатите е исто како разделбата и да не се случила. Ако сте во оваа фаза најдоброто нешто што треба да го сторите е да не се лажете себе си и да ја видите реалноста.

Фазата страв и депресија – разделбата несомнено ви го менува животот на кој сте навикнале. Наеднаш останувате сами. Почнувате да мислите дали ќе најдете друг, ве опфаќа страв дека секогаш ќе останете сами и никогаш нема да бидете среќни, како што сте биле со него.  Во оваа фаза ќе ви се сруши самодовербата, ќе се чуствувате ужасно и ништо нема да ви се прави.

Фазата прифаќање е моментот кога ќе видите светлина на крајот од тунелот. Насмевнете се, зошто веќе сте го минале најтешкиот дел. Сега веќе знаете дека разделбата е факт и јасно ви е дека треба да продолжите напред.

Последната фаза е враќањето во живот. Малку по малку раните се затвараат и речиси веќе и не ја чувствувате болката. Започнувате да среќавате други луѓе и чувствувате дека надежта за подобро утре се враќа кај вас.

На сите оние што минуваат низ овие фази им посакувам многу, многу, многу љубов и среќа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag