Симболот на Сиднеј

7 февруари, 20120
SOH

Куќата на операта во Сифжднеј е еден од најубавите и познати објекти на модерната архитектура во светот. Ова е секако најпознатиот симбол на Сиднеј. Дизајнот е ремек-дело на данскиот архитект на Јорн Утцон. Тој победил на меѓународниот натпревар во 1956 година и влегол во историјата на светот на архитектурата. Оригиналниот дизајн на операта бил во форма на серија од сидра, но компанијата која ја вршела изградбата тврдела дека е невозможно да се изгради и данскиот архитект морал да ја редизајнира. По серија на измени и перипетии, изградбата на оваа зграда била завршена во 1973 година. Сиднеј Опера Хаус се наоѓа во рамките на огромното пристаниште во овој град. Иако нејзиното име сугерира дека таа е наменета само за опера, оваа зграда има концертна сала, сцена за опера и балет, театарска сцена и сала за филмски проекции. Таа е дом на симфонискиот оркестар на австралиската опера и балет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *