Симулирате ли оргазам?!

7 февруари, 20120
xx

Многу жени се гордеат со способноста убедливо да симулираат оргазам, со што на ваков начин ставаат крај на не толку добриот секс според нив. Во едно ново истражување се покажало дека дури 60% од жените симулираат оргазам. Ако и вие сте дел од ова мнозинство, сексологот Јан Кернер вели дека не треба да се гордеете толку на своите актерски способности, бидејќи тоа ве прави само една голема лажга.

Има многу причини зошто жените го прават ова, односно глумат дека се задоволни – за да не го повредат партнерот, или пак за да изгледаат секси во неговите очи…Можеби не стигаат до оргазам бидејќи се уморни, расеани, растревожени или загрижени. Некои експерти велат дека е нормално да глумиме, но само во некои ретки случаи. Кернер смета дека има некои случаи во кои е дозволена симулација, например ако имате секс со човек со кој не планирате повеќе да се видите, или пак ако сте за прв пат со нов партнер. Многу жени не стигаат до оргазам првите неколку пати кога спијат со маж и тогаш жената може да го направи тоа, без разлика од која причина.

Но не е ли добро за врската понекогаш да симулираме оргазам, дури само затоа да не го повредиме неговото его? Абсолутно не, категорична е Кернер. Мажот нема да ве остави ако не успеете да свршите, тој повеќе ќе се налути ако открие дека лажете и глумите дека имате оргазам. Кернер смета дека единствениот пат кон оргазам е да разговарате со партнерот и да му кажете од што навистина имате потреба за да стигнете до оргазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma