Скандал во хрватската полиција – преку ден инспектор, навечер макро

8 декември, 20120
policaec
Скандал ја тресе хрватската полиција. Синоќа е уапсен Мислав Меркаш, еден од најискусните инспектори во Одделот за организиран криминал и повеќегодишен водач на групата за разбивање на проституцијата

Се сомничи дека во слободното време се занимавал со организирање на проституција.

Според првичните информации на хрватските медиуми, Меркаш е првоосомничен во големата полициска акција за организирање проституција во која се приведени петнаесет луѓе.

Според неофицијални информации, осомничените организирале проституирање на млади девојки во хотели или изнајмени станови. За сега не е познато дали и девојките ќе бидат казнено гонети или против нив ќе биде покрената само прекршочна постапка, за евентуално да можат да сведочат против макроата.

Акција траела неколку месеци, а полицајците за да соберат докази, меѓу останатите мерки користеле и тајно снимање на телефонските разговори. Фактот дека на чело на групата наводно се наоѓал токму Меркаш ги изненадило неговите колеги. Тој работел на низа познати случаи од подрачјето на организиран криминал, но најмногу токму на сузбивањето на проституцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *