Минатата година во декември месец беше објавено ова вознемирувачко видео, но набргу беше отстрането. Една група на тинејџери скокаат пред воз кој е во движење, а всушност ја играат играта „кукавица“.
Сепак, пред неколку дена видеото е повторно поставено, а за кратко време се прошири низ сите интернет медиуми во светот. Екстремно опасната игра ги згрози сите гледачи, а властите предупредиле дека минатата година во подземната железница имало дури 146 несреќни случаеви, од кои 47 биле смртни.
Погледнете ја опасната игра:
httpv://www.youtube.com/watch?v=kCSx6sJqdkw