Skype: Eмотикони со човечки ликови

popara29 април, 20121min00
1

Како дел од својата маркетиншка кампања, Skype покрена Facebook апликација која нашата виртуелна интеракција ја прави човечка. Нејзинот име е Skype Humoticons.

Апликацијата  ни овозможува класичните икони со емоциите – тажно лице, среќно лице или лице со исплазен јазик – да ги замениме со наши реални изрази.

Своите фотографии можете да го поставите во Humoticon галеријата или да, со помош на апликацијата, на лице место да ја сликнете својата гримаса. Резултатите потоа можете да ги поставите на својот Wall, да ги снимите на својот компјутер, да ги претворите во URL или да ги споделите преку Instant Messenger.

It’s time to Skype кампањата е покрената на почетокот на месецот и се заснова на идејата дека социјалните мрежи како Twitter и Facebook го „деградираат човештвото”.

А кој е мотивот зад Skype Humoticons? „Бидејќи ништо не може да го замени изразот на вашето лице”, пишува на официјалниот блог на компанијата.

Во кампањата може да се почувствува и малку иронија. Во исто време додека ги критикува Twitter и Facebook, Skype ги користи и двете мрежи за промовирање на своите услуги.

Дали навистина ни се потребни емотикони со човечки лица за да ја вратиме човечноста во онлајн комуникацијата?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag