Pete Golsby од Англија пет години склопувал автомобил од различни делови. На крај сепа успеал. Меѓутоа, Пит неможе да го вози тој автомобил бидејќи е слеп.
Овој 67 годишен англичанец, видот го загубил пред 12 години поради проблеми со имунолошкиот систем.
Од секогаш сонувал да направи сам свој автомобил, а поради губењето на видот сега имал многу слободно време. Со помош на својата сопруга Хазел, Пит успеал а склопи сребрен Pembleton Brooklands. Моторот го земал од стар мотоцикл, а деловите му ги подарувале пријателите.
“Горд сум на тоа што го направив. Ми беше важно да си докажам пред себе дека покрај се можам да го направам тоа. Автомобилот е двосед, па затоа Хазел ќе ме вози кога надвор ќе биде сончево времето“, изјавил Пит.