Најголемиот смарагд на светот, кој „тежи“ 57200 карати се најде на аукција и се чини дека неговата цена ќе надмине над 1.2 милиони долари. Смарагдот, кој е со големина на лубеница, ќе биде исечен на помали парчиња.
Каменот се нарекува Теодора, и бил пронајден во Бразил, а брусен во Индија, пред да биде продаден на трговец кој тргува со ретки скапоцени камење. Но постојат реални сомневања дали воопшто каменот е смарагд.
„Содржи делови од смарагд, но не сум сосема сигурен дека целиот камен е смарагд“, вели Џеф Нечка, кој го проценувал каменот. Тој вели дека можно е делови од самиот камен, кои биле обоени, да не се смарагд, туку друг минерал, односно берил.
Како и да е, каменов навистина изгледа неверојатно, па сигурни сме дека богаташите ќе се испотепаат кој да го купи.