Со ХИВ вирусот излечиле девојче од леукемија

11 декември, 20120
ema

Научници од Универзитетот во Пенсилванија откриле начин како со помош на ХИВ вирусот да се излечи ракот.

Седум годишната Ема Вајтхед пред неколку месеци била на смртна постела поради леукемија која била отпорна на хемотерапија. Меѓутоа, благодарејќи на новиот третман, таа сега е во ремисија.

Ема е еден од првите пациенти врз кои успешно е тестирана новата метода за борба против рак. Процесот вклучува отстранување на неколку милиони Т ќелии (под група на лимфоцити) од пациентот и нивна генетска манипулација со модификувана верзија на ХИВ. Т ќелиите потоа се враќаат во крвотокот, каде се борат против ракот. Процедурата е многу ризична, зошто е проследена со многу високи температури и силни грозници.

Терапијата замалку ќе ја убиела Ема, но на крајот таа сепак излегла како победничка и седум месеци по третманот таа е се уште во целосна ремисија.

Пациентката добила нов имун систем и можност за борба против ракот.

Освен Ема, со оваа метода се лечени уште двајца пациенти. Едниот исто така е во целосна ремисија, додека кај вториот ракот значително ослабнал, но се уште е присутен.

Моменталните резултати покажуваат дека новата метода има голем потенцијал за лечење на леукемијата.

Докторите кои го спровеле ова истражување сепак не сакаат да кажат дека го пронашле лекот, зошто се потребни уште многу истражувања за да се усоврши оваа метода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber