Со килограмите ги губите и пријателите?!

23 март, 20120
drugarki

Жените на кои една од поголемите одлуки во животот им е да ослабат, треба да се пазат, бидејќи со килограмите можат да ги изгубат пријателите.

Едно истражување покажува дека дамите кои успешно ќе изгубат неколку килограми, женското друштво околу себе ги прават толку љубоморни што го уништуваат пријателството.

Третина од жените признаваат дека се љубоморни на пријателките кои ќе ослабнат, а секоја шеста посакува нејзината пријателка да е дебела.

Една петина од испитаниците соопштиле дека се генерално позадоволни ако се послаби од своите пријателки.

Истражувачите сметаат дека иако постојано повторуваме дека на пријателите им посакуваме се најдобро, тоа не е секогаш точно; а во некои случаи дури ги ограбруваме да изгледаат полошо од нас.

Тинејџерките дури признаваат дека на Facebook намерно ги тагираат пријателите на сликите кога тиа не се во своето најдобро издание.

Истражувањето кое вклучило 10.000 испитаници, покажало дека 93% од жените не мислат дека би имале повеќе пријатели ако се послаби.

Повеќе од 40% од тинејџерките изјавиле дека се на диета само поради тоа што ги сметале за “дебела другарка”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *