Социјалната служба ја испрати Хали Бери на курс за родители!?

31 јануари, 20120
halle-berry-daughter-

Социјалната служба во Лос Анџелес и препорача на Хали Бери и нејзиниот поранешен сопруг Габриел Обри да посетуваат курс за родителство, а повод за ваквата одлука се несогласувањата и насилниот темперамент на Габриел.

Всушност, дадилката на малата Нахла го обвинила Габриел дека ја нападнал додека во рацете ја држела неговата ќерка. Обвинувањата, поранешниот сопруг на Хали Бери ги отфрлил и и порачал на својата поранешна жена дека и понатаму ќе се бори на суд за неговата ќерка. Актерката води спор со Габриел, бидејќи сака да му го одземе правото да ја гледа својата ќерка поради ваквото однесување.

Блиски пријатели на актерката и манекенот велат дека за нив двајца најдобро би било да се најдат во иста соба за да сфатат дека постојаните кавги штетат на нивната ќерка и да научат да бидат подобри родители поради малата Нахла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma