Sony Ericsson објави загуба од 247 милиони евра

popara20 јануари, 20121min00
7555505044f17f67437a19442405054_orig

Компанијата Sony Ericsson соопшти дека финансиската загуба во четвртиот квартал од 2011 година изнесува 207 милиони евра, а за целата фискална 2011 минусот изнесува 247 милиони евра.

Компанијата соопштила дека загубите во четвртиот квартал се резултат на силната конкуренција, падот на цените и трошоците за реструктуирање, дека е остворено 65% раст во однос на истиот квартал претходната година благодарејќи на Xperia телефоните со Android платформа, како и дека 28 милиони Xperia телефони се продадени до денеска.

Компанијата, која е 50:50 проценти сопствеништво помеѓу Sony и Ericsson, за ваквите резултати ги обвинува „интензивната конкуренција”, „ерозијата на цени”, како и големите поплави во Тајланд.

Наскоро, Sony ќе ги откупи акциите на Ericsson, кои вредат 1,5 милијарди евра, а се очекува оваа трансакција да биде завршена во следните неколку недели.

Компанијата испорачала 9 милиони од своите уреди во текот на четвртиот квартал во 2011 година, 20% помалку во однос на мината година и 5% помалку од третиот квартал.

Иако Sony Ericsson има намера во текот на 2012 сите адути да ги стави на пазарот на смарт телефони, „обичните” телефони и понатаму учествуваат со 20% во вкупната продажба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag