Playboy зајачицата има многу добро мислење за својот сакан, чие име не сака да го открие пред јавноста. На шала изјавила дека и да го барала, немало да најде така добар дечко.
Сакам паметни и внимателни мажи, кои убаво се однесуваат, баш онакви каков што е и мојот дечко. Да знае што сака, да не излегува многу, недопирлив во границите на нормалата и секако убав. Да го барав, немаше ваков да најдам, вели Сораја.
Неодамна, изјавила дека и се приближуваат мажи иако има дечко, а во врска се околу 5 месеци. Студентката по психологија не сака да зборува за него, но вели дека тој често доаѓа кај неа во Белград, а некогаш оди и таа кај него во Хрватска. Открива само дека е неколку години постар од неа и дека во нивната врска постои малку љубомора, но додава и дека тој знае дека таа приватно е многу поразлична од она што го претставува на телевизија.
-Знае дека студирам и дека живеам нормален живот, вели Сораја.