Shanti Maurice допринесува за островот од соништата, Маврициус, да биде едноставно волшебен…
На површина од 36 хектари, помеѓу полињата на шеќерната трска и ситниот бел песок, покриен со бистра солена вода на Индискиот Океан, сместен е феноменалниот хотел Shanti Maurice. Одличната услуга и егзотичните локации овозможуваат квалитет и удобност, а ваков спектакуларен одмор секој заслужува.
Во склоп на овој “рај на земјата” не постојат стандардни соби, туку само апартмани и вили. Секоја просторија е достојна за восхит. Свртени се кон океанот, прозорите кои се протегаат од подот до таванот и лизгачките стаклени врати, придонесуваат светлината да преовладува во внатрешниот простор.
Големите балкони и тераси се поплавени со палми, цвеќиња, камења, вештачки водопади. Тушевите кои се на отворено се дополнителен елемент на задоволство и идеално место за опуштање, мир и приватност.
Иако е сосема одвоено од урбаниот дел, ова место поседува и интернет, DVD плеери, телевизори.
Без разлика дали сакате да ја исклучите врската со надворешниот свет и да уживате во слободата на време и забава, Shanti Maurice е подготвен да ви помогне да направите се во посебен стил…