Луксузниот ресорт “Aranwa Sacred Valley & Wellness”, нуди незаборавен дочек на Нова година…
Ова интересно одморалиште е всушност обновена, реставрирана хациенда од 17 век, која сега нуди прилика за гостите да почувствуваат древна Инка култура, помешана со модерен луксуз.
Хотелот нуди 115 луксузно опремени соби, сместени на 10 хектари прекрасно одморалиште. Сместено на една од најубавите плажи на светот, ова луксузно одморалиште нуди излети од Мачу Пикчу, живописни села и до други интересни региони во кои можете да ја видите и доживеете историјата на старите Инки. Гостите имаат можност да бираат помеѓу соба со модерен, современ дизајн и соба во античка колонијална фарма. По лудата новогодишна ноќ, слеедниот ден во ресортот, гостите можат да уживаат во опуштени спа третмани. Со оглед на тоа дека е еден од најголемите спа центри во Јужна Америка, овој комплекс претставува и здравствен центар, кој смирува и го прочистува умот, телото и духот.