Spyker C8 Aileron

popara20 февруари, 20121min00
Spyker-C8-Aileron

Прецизно рачно изработен и инспириран од познатата и богата историја на компанијата во авијацијата, Aileron C8 претставува најновата архитектура со потписот на Spyker. Новиот C8 Aileron се базира на јазикот на дизајнирање на својот претходник, со промена во филозофијата: од “пропелер” дизајнот кој го дефинираше последниот модел, новиот C8 Aileron сега зема инспирација од турбината.

Според тоа, голем број на дизајнерските елементи од последниот модел беа укинати, сите со цел за подобрување на аеродинамичните перформанси.

Внатрешноста на Aileron C8 доаѓа со повеќе просторност овозможена од подолгата шасија на автомобилот. За нивото на удобност и ергономското задоволство од топ-класата, Spyker посвети големо внимание на деталите, залагајќи се за највисок квалитет на кожа во форма на опсегот Litano на “Dutch Royal Tannery Hulshof”. Оваa опција е достапна во 14 стандардни бои и ако клиентот сака поегзотичен тип на кожа и боја, може да нарача како дополнителна опција.

Спротивно на претходните извештаи каде се вели дека Aileron C8 ќе биде придвижуван од Audi 4,2-литарски V8 мотор кој произведува 400 коњски сили, најновите вести се дека Aileron C8 ќе поседува 6,2-литарски LSA V8 мотор – истиот оној под хаубата на Corvette ZR1 и Cadillac CTS-V кој произведува повеќе од 500 коњски сили.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag