Стресот – закана за физичкото и психичкото здравје

25 јануари, 20120
z

Во денешно време стресот се повеќе станува неразделен дел од нашиот живот. Но честите вакви состојби имаат многу негативен ефект по нашето физичко и ментално здравје. Сврзаните со него промени во организмот го зголемуваат многукратко ризикот од инсулт, заболување на дигестивниот тракт, нарушување на сонот, имотентност, бронхиална астма, покачено ниво на холестерол, опаѓање на имуниот систем и забрзување на процесите на стареење.

Освен тоа стресот има исто толку силен негативен ефект и што се однесува на човечката психа, ја намалува способноста за концентрација, предизвикува појава на депресија, тревога, гнев, анксиозност и вознемериност. Многу од овие проблеми можат да се избегнат ако се користат специални техники за справување со стресот. Вродените заштитни механизми ни помагаат за да го победиме стресот, но ние самите мораме да ги активираме. Од гледна точка на физиологијата опуштајњето е обратната страна на напрегнатоста. Обидете се да гледате на работите позитивно и прифатете ги работите такви какви што се.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *