Тајната на Јапонската диета

popara29 јануари, 20121min00
dd

Јапонската кујна е една од најздравите на планетава. Во ова далечно место жените јадат 50 пати повеќе риба, 17 пати повеќе ориз, 3 пати повеќе житни растенија од европејките, при што дневно примаат околу 1200 калории, а не 2400 како што е сличај со Стариот континент.

Јапонската диета ви овозможува да намалите 4-5 килограми месечно, а при тоа без никакви последици по здравјето и не само тоа туку ќе бидете преполни со енергија по време на диетата што не е случај со останатите диети.

Основните принципи се:

Оризот е незаменлив извор на бавни шеќери па затоа треба да се замени лебот во менито со ориз, при услов да биде приготвен на пареа без додадени масти во него.

Јадете колку што може повеќе риба и морски плодови, дури и за појадок, за да го намалите нивото на холестерол во крвта и да си ги зголемите интелектуалните способности.

Зачинете ја храната не со сол, туку со соин сос.

Пијте 1,5 литри минерална вода на ден, а со таква вода приготвувајте го и чајот.

Наутро, по време на ручек и навечер јадете по едно овошје поради витамините и по 100 гр кисело млеко или сирење поради калциум.

Обидете се да јадете со традиционалните јапонски стапчиња – не само што ќе ви биде забавно, но и ќе примате помали количини храна и ќе јадете побавно што е правилно.

Пијте големи количини зелен чај, тој е моќен антиоксиданс, содржи витамин Ц и Е, се бори со стареењето, тонизира, ги разградува мастите и има диуретичен ефект.

Јапонската диета ќе ви овозможи брзо слабеење бидејќи внесувате помалку калории како и здрава храна што не претставува опасност за организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag