Човекот од Велика Британија, на кого не му е објавено името, а кој со операција го промени полот и од женско стана машко, стана првиот британски „татко мајка“, откако минатата година родил син.
Детето веројатно е родено со царски рез, тој можел да забремени и да роди поради тоа што лекарите не му ја отстраниле матката за време на операцијата на менување на полот.
Мажот е во долга врска но се уште не е јасно дали станува збор за жена или маж. Сепак, ова не е прв ваков случај, бидејќи пред четри години американецот Томас Бити, роди девојче и тоа по природен пат. Тој исто така го имал променото полот, а задржано матката со цел да може да забремени. Скот Мур од Калифорнија е вториот познат татко мајка.