Тегавецот векови наназад е употребуван во медицински цели. Се смета дека е растение кое лекува се – од угриз на куче, чир до епилепсија и хемороиди.
Денешните студии го докажале ефектот на ова растение – антивирусно, антимикробно, антитоксично и диуретично. Помага за смирување на кашлица и воспаление на слузокожата од горниот респираторен тракт како и за редица кожни воспаленија. Исто така се смета дека тегавецот е доста ефикасен при лечење на хроничен бронхит.
Има медицински докази и за ползите на растението при алтернативно лечење на астма, емфизем, проблеми со мочниот меур, шеќер, цистит, хемороиди, синузит и грип.
Растението може да се консумира свежо како салата или пак на пареа. Го има насекаде, почнувајќи од пролетта па до доцна есен.
One comment
ceca
10 септември, 2012 at 13:49
eveti nesto dobro