Бидејќи од обдукцијата не се пронајдени траги од насилна смрт, телото на пејачката е предадено во понеделникот вечерта од Лос Анџелес во нејзиниот роден Њу Џерси, каде во петок ќе се одржи погребот.
Како што пренесуваат странските медиуми, семејството се подготвува да се збогува од пејачката во арена која има 18.000 места. Овој објект, како и местото на кое се чува нејзиното тело, е под постојано обезбедување.
Во меѓувреме, продолжува да се шпекулира за причините на смртта на Хјустон. Некои британски медиуми објавија дека смртта на поп-дива е предизвикана од истите апчиња кои ги користел и покојниот Мајкл Џексон.
Медиумите исто така пренесуваат дека непосредно пред смртта Витни порачала во собата да и донесат хамбургер, помфрит, сендвич со пилешко и чили пиперки, како и тоа дека, наводно пиела шампањ и пиво.