Пет луѓе во Кина се обвинети за нанесување на телесни повреди, бидејќи организирале трансплатација на бубрег на еден тинејџер. Како што јавуваат медиумите, тој го продал бубрегот за да може да купи iPhone и iPed.
Помеѓу петте обвинети се наоѓа и хирург кој го извадил бубергот од едно 17 годишно момче во април минатата година.
-На младото момче е идентифукувано само по презимето Ванг, сега му се влошува состојбата поради недостатокот на бубрег – изјавил обвинителот во провинцијата Хунан.
Според агенцијата еден од обвинетите добил 220.000 јуани (околу 35.000 долари) да ја огранизира трансплатацијата. Тој му платил на Ванг 22.000 јуани (3.500 долари) и останатиот дел го поделил со хирургот и тројцата обвинети. Не е познатој го кој добил бубрегот и платил за него.
Тинејџерот е од провинцијата Анхуи, една од посиромашните кинески провинции, чии жители често заминуваат во другите делови од земјата во потрага по работа. Ванг од парите кои ги добил си купил iPhone и iPed, а кога неговата мајка го прашала како дошол до пари, тој и ја кажал вистината.
Производителите на Apple се ногу популарни во Кина, но по цените се надвор од опсегот на голем број Кинези. Цената на iPhone е 3.988 јуани (633 долари) за iPed тргнува од 2.988 јуани (474 долари).
Само мал број на луѓе на кои им е неопходна трансплатација на органи во Кина се во состојба да ги добијат, што доведува до “туризам поради трансплатација” и патување на пациентите во странство на операција и проширување на црниот пазар на органи, кој потсетува на Ројтерс. Кина ја забрани трговијата со органи во 2007 година.