Турција има неколку преубави плажи кои можат да влезат на светската листа на најубави плажи. Има неодоливи плажи за водени спортови, како и за уживање и сончање и тоа на Егејското, Средоземното и Црното море. Во градовите, на брегот ќе најдете единствен спој на бурна историја, природни убавини, но и интересна кујна…
Ви ги претставуваме најубавите…
Олудениз – Оваа плажа во провинцијата Мугла е доста посетувана, најверојатно поради тиркизната боја, која во комбинација со белата песок, мами многу туристи…
Аланија – На јужниот брег на Турција, на Средоземното море се наоѓа преубавото летувалиште Аланија, кое е доста популарно и кај нашите туристи. Некогашната тајна на локалните жители ( првиот хотел е изграден во 1958 година ), денес е едно од најпопуларните места на Медитеранот.
Анталија – Ова место има преубав историски дел од градот, каде може да пазарувате или да одите на ручек. Внатрешноста на тврдината се вика Калеичи. Областа Анталија се наоѓа на раскрсница од плажи и хотели и многу други хотелски комплекси, кои се наоѓаат токму овде…
Синоп – Малиот град на брегот од Црното море, туристите, некако го заобиколуваат. А тоа, баш е штета бидејќи има преубави плажи, богата култура и храна која нема да ја пронајдете во останатите делови на Турција.
Бодрум – Бодрум, денес е летувалиште каде што доаѓаат филмските ѕвезди и елитата од целиот свет. Овде се наоѓа и „ Син пат “ ( The blue voyage ) – прочуеното крстарење по околните плажи.