Тинејџерката Беки од Велика Британија спиела со 40 мажи бидејќи мислела дека е грда.
Буцкастата Беки, која била одличен ученик од добро семејство, поради својот изглед постојано сакала да добива комплименти и внимание. Тоа што го барала го добила на интернет и дозволувала да ја снимаат додека таа се соблекува.
Кога имала 15 години таа ја изгубила невиноста со момче кое веднаш после тоа ја оставил, а потоа ја задевал за нејзините килограми. За да и се врати самодовербата, таа почнала да договара состаноци со странци. Меѓу својата 15-та и 20-та година спиела со 40 непознати мажи, од тинејџери па до повозрасни и оженети.
„Ќе заминевме во некој евтин хотел или пак често имав секс во автомобил. Од мене бараа да прават се она што гледале во порно филмовите. Сексот беше грд и никогаш после тоа не сум видела ниту еден од нив. Се чувствував деградирано, но во исто време се навлеков на тоа возбудување и барав внимание“, се доверила Беки.
Како и многу други родители, нејзините на Беки не биле свесни што прави нивната ќерка постојано на компјутер и интернет. Британските истражувачања покажале дека секој десетти млад човек меѓу 16 и 24 години користат интернет за да договараат средби и секс за една ноќ.