Торта – пуслица

1 февруари, 20120
puslici

Потребни состојки:

10 јајца

560 гр. шеќер

1 лимон

4 лажици шеќер

1 лажица брашно

4 дл. млеко

300 гр. ореви

250 гр. путер

250 гр. шеќер во прав

4 ќесички шлаг

Припрема:

Изматете два пати по 5 белки, 280 гр. шеќер и сок од половина лимон. Одвоено испечете две кори на температура од 150 степени околу 40 минути.

Во тенџере на оган ставете 5 изматени жолчки, 4 лажици шеќер, брашното и млекото и гответе се додека смесата не се згусне. Додадете ги мелените ореви.

Посебно изматете ги останатите жолчки со путерот и шеќерот во прав, па додадете ги во тенџерето откако смесата ќе се излади.

Изматете го шлагот. Врз првата кора намачкајте крем па шлаг, ставете ја другата кора, па поворно премачкајте со крем па шлаг, и на крајот целосно премачкајте ја тортата со шлаг и украсете ја по желба. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma