Студиото “Univerzal” го објави првиот официјален трејлер за филмот “Bourne Legacy”.
Со трејлерот дефинитивно се доловува акцијата во вистинска смисла на зборот и се навестува филм кој ќе ја остави публиката “залепена за седиштата”.
Трејлерот за кој претходно беше објавен тизер, не го открива во целост карактерот и работата на главните актери, но затоа навестува дека станува збор за првокласна акција каква што и се очекува од овој филм.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Jeremy Renner, Edward Norton и Rachel Weisz.
Премиерата во Америка е закажана за 3 март.
http://www.youtube.com/watch?v=HVPpc4pk6RE