Три најдобри маски за сува коса

popara12 јануари, 20121min00
maska kosa

Зимата и студеното време, како и загреаните простории предизвикуваат оштетување и сушење на косата, кое може да го неутрализирате со овошни маски кои ќе и го вратат сјајот и влажноста на косата:

Маска од банана: за оваа маска потребни ви се половина банана, ¼ диња, една лажица маслиново масло и една лажица обичен јогурт. Изматете ги состојките и нанесете ги на измиена коса. Косата прекријте ја со капа за туширање и оставете ја маската да делува 30тина минути, па исплакнете со студена вода. Користете ја оваа маска еднаш во неелата за да имате сјајна и здрава коса.

Хидратантен шампон од лимон: за овој шампон потребни ви се три јајца, една лажица маслиново масло, една лажица лимонов сок и една лажица мајонез. Измешајте ги состојките, па додадете три лажици шампон кој го користите. Измешајте го шампонот и со него измијте ја косата, па добро исплакнете ја.

Маска од мед: за оваа маска потребни ви се една кајсија, две лажици мед, една лажица бадемово масло. Измешајте ги состојките и нанесете ги на измиена коса, па замотајте ја косата во пластична фолија и оставете маската да делува 20тина минути, па измијте ја повторно косата. Оваа маска ќе и даде свежина и сјај на вашата коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag