Пред три месеци Ренди Кокс од Тексас му бил дијагностициран тумор. Неговиот син Дру (6) одлучил да му помогне на татка си и да собере повеќе пари за лечење. Одлучил да застане на улица и да продава лимонада, а благодарение на соседите и другите минувачи успеал да собере 10 илјади долари.
6 годишниот Дру ставил тезга на улица и почнал да продава лимонада.
„Татко ми е многу важен за мене, сакаме да си играме заедно“, изјавило момчето за телевизијата КЛТВ.
Никој не се надевал дека со продажба на сок, детето ќе заработи за да ја плати скапата хемотерапија. Меѓутоа неговата приказна брзо се проширила, па луѓето доаѓале од секаде само за да пијат од неговата лимонада.