Еден од синовите на најпознатиот “плејбој” на светот, Хју Хефнер за време на викендот завршил во притвор. Всушност, Марстон Хефнер го привела полицијата откако физички ја нападнал својата девојка.
Тој е во врска со зајачицата за 2011 година, Клер Синклер со која се скарал во неделата ноќта. Откако ја удрил со тупаница во пределот на стомакот и на уште неколку места, не и дозволил да ја напушти вилата, па таа ги повикала своите родители, а тие веднаш пријавиле во полиција.
Полицијата веднаш по доаѓањето евидентирала бројни модринки по нејзиното тело и го привела Марстон, а тој по неколку часа е пуштен на слобода со 20.000 долари кауција. Од вилата на Хефнер сеуште никој не коментирал за инцидентот.