
Џенифер Лопез дефинитивно го одзема здивот каде и да се појави, па така беше и овој пат за време на снимањето на “Американскиот идол”.
Иако има 42 години, Џенифер Лопез важи за една од најубавите жени во Холивуд, а со својот изглед, таа ги фрла во сенка и дупло помладите девојки од неа. На снимањето на “Американскиот идол” во кој таа ја има улогата на судијата уште еднаш ја оправда титулата за најубава и најзгодна жена. Облечена во едноставни панталони и кошула и ги остави сите без здив. Сепак, се потруди со долниот дел од гардеробата да ја истакне својата “задница“. Инаку, актерката и пејачка моментално е во врска со 25-годишниот танчер Каспер, и тоа само по неколку месеци откако се разводе од пејачот Марк Ентони со кого има две деца.
