Само пред три месеци познатата пејачка Бијонсе на свет ја донесе ќерката Блу Ајви, но тоа не и е пречка уште сега да ги покаже своите заносни облини.
Пејачката вчера била забележана со сопругот на плажата Сент Бартс, а на себе имала атрактивен едноделен костим за капење, црни очила за сонце и собрана коса. Овој пат со нив не била ќерката, па можеле слободно да уживаат на плажата.
Бијонсе веќе следниот месец ќе се врати на своите концертни обврски, а таа и Џеј Зи пред неколку дена, на годишницата од нивниот брак ги обновиле брачните завети. На церемонијата присуствувале и некои јавни личности како Опра Винфри.